Агелер: Гласав и како и сите вие очекувам да видам кој ќе победи на изборите во САД

16

Гласав на денешните Претседателски избори во САД и како и сите Вие очекувам да видам кој ќе победи што значи дека заедно ќе продолжиме да следиме што ќе се случи, истакна денеска во Скопје американската амбасадорка Анџела Агелер.

-Како амбасадор во Македонија мојата порака е дека е од витална важност секој граѓанин да излезе да гласа. Гласањето во демократијата е тајна одговорност и огромна привилегија. Јас гласав. Се надевам и очекувам дека ќе има мирна и фер транзиција на силата. Тоа е она што го очекуваме сите и се надеваме дека така и ќе биде, рече Агелер во изјава за медиумите за коментар за нејзините очекувања од Претседателските избори во САД.

Таа одби да ја коментира изјавата што неодамна ја даде Стејт департментот дека е можно САД да биде медијатор во нашите преговори со Бугарија за продолжување на европската агенда, по конституирањето на новата бугарска Влада.