Амбасадорката на САД Анџела Агелер, ја честиташе победата на Силјановска-Давкова, напоменувајќи дека САД и натаму ќе продолжат да ја поддржува земјата.
„Моите срдечни честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот историски избор за прва жена претседател на Северна Македонија. Честитки и за сите оние граѓани кои вчера го искористија своето избирачко право на претседателски и парламентарни избори. Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги поддржуваат целите за просперитет и целосна евроатланска интеграција на оваа земја“, стои во пораката на Агелер.