Аеродромот во Охрид ќе работи додека траат градежните aктивности

49

Се очекува за околу еден месец да се стартува со некои од работите предвидени за модернизација на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, а во текот на планираните активности со проектот, нема да биде запрен авиосообраќајот, најавува за МИА генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Неџат Курт.

Модернизацијата на аеродромот е обврска на „ТАВ Македонија“ согласно со договорот за концесија на аеродромите. Плановите се да се зголеми капацитетот на патничкиот терминал и да се обезбеди удобност за патниците што ќе поминуваат низ аеродромот.

– Процесот е веќе почнат и очекуваме за околу еден месец активно да почнеме со некои од работите. Додека го реализираме проектот и работиме на изградбата, реконструкцијата и на обновата, ќе нема прекин на сообраќајот. Многу сме ригидни кога станува збор за аеродромското функционирање. Нема да прекинеме со никакви операции, ќе го правиме тоа во фази. За да осигуриме дека ништо нема да биде прекинатото, ќе почнеме со едната страна, па ќе продолжиме со другата, исто како кога се одвиваа работите за обнова на пистата пред неколку години, кога не беше затворен аеродромот – вели Курт.

ИЗДВОЕНИ