За првпат по десетина година, Општина Аеродром ќе ја обнови механизацијата за одржување на јавните површини. Во тек е јавна набавка за зголемување на капацитетите на механизацијата за што поефикасно и побрзо одржување на јавните површини.

– Екипите на Јавното комунално претпријатие на Општина Аеродром се секојдневно на терен. И покрај неповолните временски услови периодов, проследени со дожд, интензивно работат на одржување и косење на јавните зелени површини. Механизацијата со која располага комуналното претпријатие е постојано активирана, како и голем број работници, кои се ангажирани за косење на тревниците на целата територија на Аеродром – велат од локалната самоуправа.

Општина Аеродром располага со површина од околу 150.000 квадратни метри зеленило, чие одржување останува приоритет. Покрај одржувањето на јавните зелени површини, периодов е започната и реконструкцијата на веќе постојните паркови, а се работи и на изградба на нови паркови, како и на зазеленување и хортикултурно уредување и на други локации, со цел, како што наведуваат, аеродромци да имаат можност да уживаат во убаво уредени средини во непосредна близина на своите домови.

 

 

ИЗДВОЕНИ