Принцот Хари денеска повторно се појави во Кралскиот суд во Лондон за да поднесе жалба за промените на неговото обезбедување откако се повлече од кралските должности, при што неговата адвокатка предупреди дека „неговиот живот е во опасност“.
Адвокатката на принцот Хари, Фатима Шахид, денеска објави дека безбедносниот тим на принцот објавил документ во кој се наведува дека „смртта на принцот Хари ќе ја задоволи муслиманската заедница“.
Принцот Хари, помладиот син на кралот Чарлс, се обидува да ја поништи одлуката на Министерството за внатрешни работи од 2020 година дека нема автоматски да добие лична полициска заштита додека е во Велика Британија, објави Ројтерс.
Хари се повлече од кралските должности во 2020 година и сега живее во Калифорнија со неговата сопруга Меган Маркл и нивните две деца.