Адвокатите на Алексеј Навални осудени на повеќегодишна затворска казна

41
EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Тројца адвокати кои го застапуваа рускиот опозициски лидер Алексеј Навални денеска беа осудени во Русија на казни од 3,5 до 5,5 години затвор. Вадим Кобзев, Игор Сергунин и Алексеј Липцер беа уапсени во октомври 2023 година, а еден месец подоцна беа додадени на официјалната листа на „терористи и екстремисти“, пишува ДВ.

Кобзев беше осуден на пет и пол години во казнена колонија. Липсер доби пет години, додека Сергунин беше осуден на три и пол години.

Адвокатите се обвинети за припадност на екстремистичка организација. Мрежите поврзани со Навални беа прогласени за екстремистички по пресудата од 2021 година со која се забранија неговите организации како екстремистички групи.

Истовремено, им е изречена забрана за вршење адвокатска дејност во период од три години.

Навални ненадејно почина на 16 февруари минатата година во затворска колонија во арктичкиот дел на Русија, а Кремљ ги отфрли обвинувањата на неговите приврзаници дека опозицискиот политичар е убиен.

ИЗДВОЕНИ