Љубителите на кошарката уште еднаш можеа да ги видат квалитетните на Јанис Адетокумбо и на Виктор Вембањама, кои приредија возбудлива ноќ во НБА-лигата и одиграа брутални партии за своите тимови.

Адетокумбо постигна неверојатни 59 поени, додаде 14 скока и седум асистенции во победата на Милвоки над Детроит со 127:120 (регуларен дел 101:101). Гркот одигра натпревар за кој долго ќе се зборува, а сето тоа го постигна за 43 минути поминати на теренот.

Виктор Вембењама, исто така, имаше ноќ за паметење. Младиот Французин го заврши натпреварот со 50 поени, шест скока и две асистенции во победата на Сан Антонио против Вашингтон од 139:130. Го постигна тоа за 32 минути поминати на теренот.

Така имавме два настапа во НБА со над 50 поени и, секако ,една вечер што ќе влезе во историјата на НБА.

Резултати: Орландо – Индијана 94:90, Бруклин – Бостон 114:139, Њујорк – Чикаго 123:124, Оклахома – Њу Орлеанс 106:88, Филаделфија – Кливленд 106:114. Хјустон – ЛА Клиперс 111:103, ЛА Лејкерс – Мемфис 128:123, Портланд – Минесота 106:98, Сакраменто – Феникс 127:104.