Иако штотуку го напушти Панатинаикос поради неиграње, грчкиот кошаркар Костас Адетокумбо си најде нов клуб. Братот на Јанис во иднина ќе игра за шпанскиот клуб Мурсија. Тој ќе биде вториот од четворицата браќа Адетокумбо што го носеле дресот на Мурсија, откако играше Алекс за овој тим во сезоната 2020/2021.
Моментално Мурсија е 11. во поредокот на АЦБ-лигата, со скор 9:11. Инаку, Костас сезонава, во Евролигата, бележеше во просек од 2,5 поени и 0,8 скока на натпревар. Минатата сезона, имаше многу поважна улога под водство на тренерот на „зелените“, Ергин Атаман, и со Панатинаикос ги освои Евролигата и грчкото првенство. Тој ќе остане во Мурсија до крајот на сезоната.