EPA/AHMED JALLANZO

Во кариерата заработи доволно пари за да купи сè што ќе посака.  Самиот призна дека трошел пари на луди работи, но е познат по тоа што е многу себичен и не ги дава парите на блиските и на подалечните членови на семејството. Поради тоа, со право важи за најголем фудбалски скржавец.

Емануел Адебајор имаше доста успешна фудбалска кариера. Поранешниот напаѓач од Того со години живее во родната земја, каде што води луксузен и раскошен живот.

Објавите на социјалните мрежи покажуваат дека живее како крал во родната земја и многумина негови сонародници може само да му завидуваат.

Тој официјално се прости од фудбалот во летото 2023 година, по краткиот престој во Семаси, а во текот на кариерата настапуваше за голем број познати европски клубови како Арсенал, Манчестер сити, Реал Мадрид, Тотенхем…

Неговата играчка кариера на Стариот Континент траеше речиси две децении и му донесе огромни пари. Уште во 2012 година, кога играше за Сити, имаше неделна плата од тогаш неверојатни 200.000 евра.

Токму поради оваа причина, не е ни чудо зошто не внимаваше премногу на што ги троши парите. Во едно од интервјуата, ги издвои двете најголеми глупости што ги направил.

  • Какви грешки направив во кариерата? Купив четири нови автомобили во еден ден! Уште една лудост? Потрошив 300.000 во ноќни клубови за жени, за една недела! – изјави Адебајор.

Во последните години, тој е во центарот на вниманието, главно, поради начинот на кој ги троши парите. Со други зборови, тој воопшто не сака да му помогне на семејството.

  • За тие што велат дека не донирам пари, ќе бидам многу јасен, едноставно е: „Не давам пари“. Јас правам што сакам, јадам што сакам и сигурно ќе има такви што ќе кажат дека не сум донирал ништо. За жал, некои мислат дека јас го донесов вирусот. Така е тука. Ме споредуваат со Дрогба и со Ето, но јас не сум како нив. Јас сум Емануел Адебајор и секогаш ќе правам што сакам – изјави Адебајор.

Според некои информации, неговото богатство се проценувало на 45 милиони американски долари, во 2023 година.