Државните електрани за време на грејната сезона, кога има испади на блоковите на термоелектраните, а притоа резервната хидроакумулација е на ниско ниво, влече струја преку МЕПСО од надворешните мрежи, но таквите вонредни интервенции во системските резерви чинат скапо. Затоа од компанијата одлучиле преку оглас да побараат од оператори да му продадат „складирана“ електрична енергија доколку дојде до некои испад на блоковите.
Огласот е објавен вчера и во него се наведува дека „договори ќе се потпишат со оние производители, трговци или снабдувачи што ќе понудат најмал надомест за тргување“. Начинот на тргување е следен: електричната енергија ќе се доставува под контрола МЕПСО, а цената што ќе ја плаќа АД ЕСМ ќе биде збир од цената на референтната унгарска берза ХУПЕКС во даден конкретен час заедно со надоместот за тргување кој ќе го наплати операторот за себе.
ЕСМ ќе ги плаќа фактурите на дневно ниво, а ако не ја добие електричната енергија, операторот ќе плаќа казнен пенал од 100.000 евра.
За таа цел, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини формираше Комисијата за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија, клучен механизам за мониторинг и брза реакција во услови на потенцијални кризни ситуации или нарушувања во енергетскиот систем.
На првиот состанок, Комисијата ги постави основите за нејзиното работење и го усвои планот за редовна анализа на состојбите на домашниот и регионалниот енергетски пазар. Формирањето на Комисијата е иницијатива на министерката за енергетика, Сања Божиновска, со цел унапредување на енергетската безбедност и навремено справување со итни ситуации, како хаварии или природни непогоди.
Овој орган ќе ги координира сите релевантни институции, енергетски компании и експерти, ќе го следи снабдувањето со електрична енергија, ќе ги анализира пазарните состојби и потенцијалните ризици и ќе предлага конкретни мерки за спречување на кризни сценарија.
– Формирањето на оваа Комисија е пример за проактивност во енергетскиот сектор. Целта не е само реакција на криза, туку и градење систем кој превенира и обезбедува стабилност за граѓаните и економијата. Комисијата ќе се состанува редовно за да ги анализира состојбите, а во услови на прогласена криза, состаноците ќе се одржуваат секојдневно. Покрај претставници од Министерството, во работата ќе бидат вклучени и надворешни експерти за обезбедување на сеопфатни и навремени решенија – изјави министерката за енергетика, Сања Божиновска.
Комисијата ќе се состанува редовно за да ги анализира состојбите, а во услови на прогласена криза, состаноците ќе се одржуваат секојдневно. Покрај претставници од Министерството, во работата ќе бидат вклучени и надворешни експерти за обезбедување на сеопфатни и навремени решенија.