Палестинскиот претседател Махмуд Абас упати честитка до американскиот претседател Доналд Трамп по повод неговата инаугурација, нагласувајќи ја подготвеноста на палестинските власти да соработуваат со Трамп за да се постигне мир за време на неговиот мандат.
Тој истакна дека мирот мора да се гради врз темелите на решението за две држави и меѓународниот легитимитет, се вели во соопштението од кабинетот на Абас.
„Оваа визија се стреми кон формирање на држава Палестина која ќе може да живее во мир и безбедност со државата Израел“, рече Абас.