А, ги јадеме секој ден: Список со најнездравите намирници и пијалаци за организмот – најдобро да се избегнуваат

74
Фото:пекселс

Одредени видови на храна се присутни насекаде, но тие навистина немаат некоја особена корист за нашето тело, па затоа треба да се сведат на минимум.

Иако е тешко целосно да се избегнат многу од овие намирници, барем намалете го нивниот внес.

Овошни сокови – Спакуваните овошни сокови не се ни приближно здрави како свежо цедените. Тие содржат вештачки бои и сируп од пченка со висока фруктоза, што ги прави несоодветни за здравјето на луѓето. Фруктозата е поврзана со развојот на висцерални масни наслаги кај дебели лица.

Пржена храна – Високата содржина на масти, калории и воспалителни соединенија познати како AGEs (напредни крајни производи за гликација) ја прават пржената храна штетна за здравјето. Редовното консумирање може да предизвика воспаление во телото.

Леб од бело брашно – белењето на брашното со хемикалии како што е азодикарбонамид не само што му штети на здравјето на луѓето со тоа што предизвикува астма и алергии, туку е штетно и за животната средина.

Сланина и колбаси – Овие преработени намирници, богати со заситени масти и AGE соединенија, ја губат својата хранлива вредност кога се готват на високи температури, а со тоа ги оштетуваат цревата и срцето.

Сирупи – сирупот од пченка со висока фруктоза и вештачките бои го прават сирупот исклучително штетен за здравјето на црниот дроб.

Инстант овесна каша – Содржи боја на карамела и хидрогенизирани масла, кои доколку се консумираат редовно може да предизвикаат затнати артерии и други здравствени проблеми.

Слатки житарки – Иако изгледаат здрави за појадок, тие често содржат конзерванси како BHT и BHA и рафинирани јаглехидрати кои не се погодни за дијабетичари и луѓе со срцеви проблеми.

Брза храна – Често содржи фталати, хемикалии кои го нарушуваат ендокриниот систем и можат да имаат сериозни здравствени последици.

Бел шеќер – Тој е поврзан со зголемен ризик од дијабетес тип 2, срцеви заболувања и дебелина.

Флаширана вода – Често содржи БПА, хемикалија која може да предизвика хормонални пореметувања, ран пубертет кај девојчињата и намален број на сперматозоиди кај мажите.

Слатки – примамливи, но полни со вештачки шеќер, лош холестерол и калории, овие десерти претставуваат сериозен ризик по здравјето.

Газирани пијалаци – Тие содржат боја на карамела, БПА (бисфенол А) и аспартам, што може да доведе до дебелина, таложење маснотии и зголемен ризик од рак.

Глазури – Шарените глазури содржат транс масти, титаниум диоксид, вештачки бои и пропилен гликол, што може негативно да влијае на здравјето на бубрезите, особено кај децата.

Супа од кесичка – Овие супи содржат скроб, шеќер и вештачки бои и не се ни приближно хранливи како домашните супи и чорби.

Бонбони – Тие содржат заситени масти, вештачки бои и шеќер, што ги прави несоодветни за деца и возрасни.

Мафини – Готовите мафини се богати со калории, незаситени масла, шеќер и емулгатори, што ги прави лош избор за здравјето.

Крем за кафе – Повеќето креми за кафе воопшто не содржат млечен крем. Наместо тоа, тие се полни со транс масти, додаден шеќер и вештачки бои, а сето тоа го зголемува ризикот од срцеви заболувања на долг рок.

Кафеав ориз – Иако содржи корисни хранливи материи, може да содржи арсен, кој е поврзан со зголемен ризик од рак и срцеви заболувања.

BBQ сос – Повеќето сосови за скара содржат високо ниво на шеќер, фруктозен сируп и вештачки бои, кои го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања.

ИЗДВОЕНИ