Ангелина Димоска-Миташева е новата в.д. директорка на Филхармонијата.

Таа доаѓа на местото на досегашниот в.д. директор, Даниел Лазаровски, кој беше на функцијата од септември минатата година.

Синдикалната организација на Филхармонијата, минатата недела, поднесе петиција до Министерството за култура за разрешување на Лазаровски, поради, како што вели, неправилности во работењето и низа незаконски постaпки. На ова, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска изјави дека доколку Синдикатот за култура во оваа институција има одредени сознанија за мобинг од директорот, постојат инстанци каде што треба да го пријават тоа и тој ќе биде соодветно санкциониран.