Aмбасада на САД: Постои зголемен ризик од терористички напад во Македонија

116

Откако Министерството за внатрешни работи издаде безбедносно предупредување до сите граѓани државјани кои престојуваат во Македонија да бидат внимателни, се огласи и Американската амбасада.

-Постои зголемен ризик од терористички напади инспирирани од екстремистичка идеологија, во Северна Македонија. Терористички организации и поединци инспирирани од екстремистичката идеологија имаат намера за напад врз цивили, вклучувајќи и државјаните на САД во странство. Терористите сè почесто користат помалку софистицирани методи за таргетирање на групи луѓе на јавни места, вклучително и со користење на пиштоли, возила и остри предмети., соопштуваат од амбасадата на САД во Скопје.

-Терористичките напади и други безбедносни инциденти често се случуваат без никакво предупредување, а граѓаните на САД треба одржуваат високо ниво на претпазливост.  Екстремистите повеќе се стремат кон изнаоѓање и напади врз “меки цели”, како што се: трговски центри и пазари, аеродроми, хотели, клубови и ресторани, верски објекти, училишта, паркови и јавни настани од висок профил (спортски натпревари, политички митинзи, демонстрации , празници, славенички собири итн.), објавено е на сајтот на американската амбасада со 5 совети за американските државјани.

  • Дополнителна будност на локации што се сметаат за „лесни цели” и на локации со многу народ
  •  Американските граѓани се охрабруваат да одржат високо ниво на будност (внимателност)
  • Да ги проверат личните безбедносни планови
  • Да внимаваат на околината
  • Да ги следат локалните медиуми за апдејт (обновување) на состојбата

ПОМОШ:

Американска амбасада во Северна Македонија
+ (389) 2-310-2000

SkopjeACSMailbox@state.gov
https://mk.usembassy.gov

На интервенција денес попладне од Амбасадата на Сад во Скопје биле повикани и од противпожарната единица во Скопје.

МВР претходно објави за спречен терористички напад, но без никакви детали за она што е најдено и дали има приведени.