Невреме зафати делови од Србијa, Белград и Нови Сад во хаос: Ветрот корнеше дрвја, уриваше столбови

439

Делови од Србија денеска беа зафатени од невреме, со дожд и силен ветер, а во Нови Сад ветерот собори дрво на автопатот.

Пороен дожд пропратен со силен ветер денеска го зафати Нови Сад, а под налетите на ветерот околу 12 часот, на автопатот Суботица – Нови Сад, кај градот Змајево, дрво паднало на коловозот.

Екипите на „Патишта Србија“ го отстраниле дрвото, а сообраќајот е нормализиран.
Во Белград во раните попладневни часови почна да дува силен ветер пропратен со дожд. Силен ветер ги кршеше гранките на дрвјата.

Како што јавуваат дописниците на РТС, во Ужице ветерот соборил бор на улица, а оштетено е и едно возило. Пожарникарите брзо го отстраниле дрвото.

Едно дрво падна и во Чајетина и исто така веднаш беше отстрането.

Силен ветер дуваше и во Чачак и на места урна гранки и еден улично светло кое беше скапано. Штетата била санирана веднаш.

Според Н1, силно невреме, со бурни ветрови, ечело низ селото Пивнице кај Бачка Паланка, предизвикувајќи големи штети. Ураганскиот ветер носеше покриви и живи столбови, а месната заедница на Пивница апелираше до граѓаните да не излегуваат на улица и да не ги пуштаат децата надвор.

Невремето предизвика штети и во селото Вајска во општина Бач. Ветерот ги носеше покривите во Пожега како и во Златибор.