Познатиот актер Метју Пери (55) почина викендов во својот дом во Лос Анџелес, а веста за смртта ги разбранува милионите фанови на култната серија „Пријатели“ во која се прослави во улогата на Чендлер Бинг. Она што многумина не го знаеја е дека Метју бил лудо вљубен во својата колешка Џулија Робертс.
Тие двајца се забавуваа шест месеци во 1996 година, а Пери го објасни своето раскинување со славната актерка велејќи дека „раскинал со убавата и брилијантна Џулија поради неговата борба со зависноста“ и затоа што „не се чувствувал ‘доволен’ за неа”. Тоа беше премногу за него и постојано се грижеше дека таа ќе го остави, па наместо да се соочи со неизбежната агонија, тој ја остави.
Тие се зближија пред нејзиното гостување во втората сезона на оваа серија. Тогаш само се дружеа, а таа имаше еден услов да гостува во „Пријатели“ – да биде вклучена во приказната на Чендлер Бинг.
Поради ова, тој и испратил букет црвени рози и картичка на која пишувало: „Единственото нешто повозбудливо од тоа да можеш да глумиш со мене е конечно да имам изговор да ти испратам цвеќе“. Пред да се сретнат лично, тие комуницирале преку факс. Како што раскажа Пери, тие си праќале по стотици пораки дневно, иако биле преоптоварени со работни обврски.
Додворувањето траело три месеци, а по романтичните пораки ило и долги телефонски разговори, а потоа и средба лице в лице.