За Светскиот ден на штедењето- едукативно забавна програма на ХалкБанк

96

Со кампањата „Среќата е во малите чекори“ Халкбанка организира низа настани во текот на октомври за да го поттикне штедењето особено меѓу најмладата популација. Кампањата ќе биде заокружена во вторник (31 Октомври) на Светскиот ден на штедењето, со богата едукативнна и забавна програма во Градскиот парк во Скопје.Светскиот ден на штедењето се одбележува од 31 Октомври 1924 година, а Халкбанк овој ден го посветува со најголемо внимание кон најмалите.

Кога на децата на едноставен и разбирлив начин ќе им покажете како функционира светот на парите и на штедењето, тие ќе прераснат во возрасни одговорни личности со навики за штедење. Халкбанк АД Скопје постојано организира кампањи за да им помогнеме на најмладите членови на нашето општество да пораснат во граѓани кои ќе бидат одговорни и ќе се грижат за вистинските вредности. Еден од овие чекори е и новото издание „Букварот на Халки“ преку кој банката на сликовит начин им ги претставува најважните финансиски поими на децата за да ги разберат позитивните аспекти на детското штедење – вели Наумовска-Савеска.

Со богатата програма на Халкбанк, Градскиот парк во Скопје во вторник ќе прерасне во едукативно-забавен парк на отворено. Од 13 часот ќе има отворена детска работилници на тема „Среќата е во малите чекори“. Од 15 часот следува музички блок со слончето  Халки , а во 17 часот е закажана промоцијата на „Букварот на Халки“.