Кевин Де Бруин нема да се врати на зелениот терен до јануари 2024 година, а моментално се наоѓа во Дубаи каде се опоравува од незгодната повреда. Белгискиот интернационалец зад себе има сезона од соништата и можеби има најголема заслуга за историската тројна круна на Манчестер Сити.
Актуелната сезона не започна баш најдобро за КДБ кој се повреди веќе во првото коло од Премиер лигата и оттогаш не е на теренот. Повредата на тетивата беше многу сериозна и Белгиецот мораше да оди на операција, што автоматски значеше период на опоравување од неколку месеци.
Офанзивниот играч за врска без сомнение е еден од најдобрите во светот, а за време на престојот Дубаи навивачите редовно го запираат и од него бараат заедничка фотографија.
Од фотографиите може да се забележи дека КДБ изгледа прилично запоставено барем кога се во прашање неговата коса и брада, но неговото тело и понатаму е совршено и може да се каже дека е во одлична состојба.
Отсуството на КБД многу се чувствува бидејќи „граѓаните“ неодамна забележаа два последователни порази во домашните натпреварувања. Четата на Пеп Гвардиола го загуби дербито со Арсенал, а претходно беа елиминирани во Карабо купот од Њукасл.
Инаку, договорот на белгискиот фудбалер со Манчестер Сити истекува во 2025 година, а секако се планира продолжување на соработката. Тој може да биде следен во редот за статуа надвор од „Итихат“ и би можел да биде најдобриот играч што некогаш носел дрес на „граѓанин“.