Страв од прелевање на кризата од Блискиот исток: Мерките на безбедност во БиХ подигнати на највисоко ниво

294

Зголемени се безбедносните мерки и во Босна и Херцеговина поради проценката на зголемен ризик од терористички напади, потврди Ненад Нешиќ, ресорниот министер.

Во изјава за локалните медиуми Нешиќ рече дека оценката е дека моменталната безбедносна состојба во земјата е добра, но дека се неопходни мерки на претпазливост поради можното прелевање на кризата предизвикана од ескалацијата на насилството на Блискиот исток.

Министерот за безбедност на БиХ изјави дека безбедносните мерки сега се „на повисоко ниво“ без да појасни што точно значи тоа, но посочи дека полициските агенции во земјата без никакви пречки ги извршуваат своите задачи.

„Ги следиме настаните и во регионот и во светот и очекуваме ниту еден настан да не изненади“, изјави Нешиќ.

Конфликтите меѓу Израел и исламистичката група Хамас ја поделија јавноста во БиХ, во која се највисоките државни функционери, додека палестинската заедница која дејствува во земјата постојано добива повици за јавно изразување на солидарност со Палестинците. Покрај тоа, во БиХ се стравува од реакциите на притаените радикализирани исламисти, кои се вратиле во земјата од блоскоисточните боишта каде се бореле на страната на разните џихадистички групации.