Со брошура до подостапни информации на граѓаните за општинскиот линиски превоз

49

Со делење на промотивен материјал во вид на информативна брошура, јавното претпријатие „Стипион“ – Штип, им ја олеснува достапноста на информациите на граѓаните што го користат општинскиот линиски превоз.

Брошурата која е изработена според потребите на граѓаните ги содржи сите потребни информации: мапа со возните линии,табели со возните редови и ценовникот на дневните, месечите и годишните билети. Исто така, има дополнителни информации за ослободување од плаќање за возење и QR кодот за скенирање за побрз пристап до апликацијата.

Брошури се делат на брендирани штандови на повеќе прометни локации во градот, но и во здравствените и образовните институции, здруженијата на граѓани, јавните институции, градскиот пазар, и други објекти со поголема видливост и достапност за граѓаните.

Брошури исто така ќе има и во секое возило на општинскиот линиски превоз.

Мапите заедно со информации ќе бидат објавени на социјалните мрежи на ЈП „Стипион“, како и прикачени на сите постојки, со цел граѓаните да имаат достапност до сите информации поврзани со општинскиот линиски превоз.

Од ЈП „Стипион“ потенцираат дека во наредниот период ќе продолжат со подобрување на услугите и информирањето.

Исто така, пензионерите секој петок, од минатиот бесплатно можат да го користат општинскиот линиски превоз.