Спасен штипскиот пожарникар кој исчезна додека го гаснеше пожарот кај Селце

98

Пронајден е пожарникарот на ТППЕ- Штип, кој исчезнал додека се гаснеше пожарот на планината Серта кај штипското село Селце. Пилотите кои го гаснат пожарот од воздух го забележале во непристапен терен.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информира дека со помош на хеликоптери на МВР тој е извлечен. А по прегледот на екипата од Брзата помош е констатирано дека е во добра здравствена состојба.