Тешко повреден 22-годишник, го удрил автомобил додека возел електричен тротинет

74

На 04.10.2023 во 16.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локален пат во Пирок, тетовско, патничко возило „сеат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот Б.А. од Пирок, удрило во електричен тротинет што го управувал 22-годишниот Е.А. од истото село. Во несреќата, Е.А се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово, соопштуваат од МВР.