Акција за чистење на дното на Охридското Езеро

43

Во согласност со годишната програма на Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад за 2023 година, на 30. 9. 2023 година се одржа акција за чистење на дното на Охридското Езеро пред село Пештани.

Од Општина Охрид информираат дека од дното на езерото било извадено поголемо количество отпад, стари гуми, пластични и стаклени шишиња и покуќнина.

Чистењето го реализираше „Клубот за подводни активности“, а целта на акцијата е подигање на јавната свест на населението за заштита на Охридското Езеро.