Привршува изградбата на авантуристичкиот парк

83

Aвантуристичкиот парк на Пелистер е во завршна фаза на реализација и се очекува до крајот на годинава Националниот парк „Пелистер“ да добие нова, атрактивна туристичка содржина.

Паркот, во чии рамки се двата авантуристички парка за деца и за возрасни, карпата за искачување ВИА-ферата и ЗИП-линијата, беше изграден во рамките на проектот „Авантура меѓу границите“, пограничен проект меѓу Македонија и Грција, во кој, како партнери, се среќаваат Младинското христијанско здружение  „Солун/ИМКА Солун“, грчката национална туристичка организација GNTO и НП „Пелистер“ – Битола. Изградбата на овој парк ќе биде значајна за промоција на туризмот во пограничниот регион и за отворање нови работни места.

Претставниците на партнерските организации од Грција, како и туристичките работници, во саботата му беа гости на НП „Пелистер“, се запознаа со новите туристички содржини овозможени од проектот „Авантура преку границата“ и со туристичките капацитети и понуди во рамки на паркот.