Рускиот претседател Владимир Путин побара од поранешниот поручник на паравоените формации „Вагнер“, Андреј Трошев, да формира доброволци за борбите во Украина.
„На последниот состанок разговаравме дека ќе бидете вклучени во обуката на доброволни единици способни да извршуваат различни борбени задачи, се разбира главно во зоната на „специјални воени операции“ во Украина, му рекол Путин на Трошев, соопшти денеска Кремљ.
Путин оцени дека Трошев имал искуство за мисијата, три месеци по неуспешниот обид за државен удар на паравоена група во Русија.
Трошев бил близок соработник на Евгениј Пригожин, кој загина во авионска несреќа во август и кој, според Франс прес, бил во немилост на Путин по бунтот.
Знаете кои прашања мора да се решат однапред за борбените активности да се одвиваат на најдобар можен начин и со најголем можен успех“, му рекол рускиот претседател на Трошев.
Паравоената група која одигра клучна улога во руската инвазија на Украина се обиде да го собори руското воено раководство со брз државен удар кон крајот на јуни. Пригожин тогаш рече дека бунтот немал за цел да ја собори владата, туку бил насочен против Генералштабот на руската армија, кој го обвини за некомпетентност во конфликтот во Украина.