Српскиот кошаркарски клуб, екипата на Партизан, постави рекорд во Евролигата по бројот на продадени сезонски билети. „Црно-белите“ на социјалните мрежи се пофалија дека продале 16.124 сезонски билети, а тоа е и нов рекорд во Евролигата.

  • Завршуваме со продажбата на сезонски билети. Продадени се 16.124 билети, а бруто-приходот е 690 милиони динари (363 мил. денари), истакна претседателот на клубот, Остоја Мијаиловиќ.