Размена на искуства од областа на сообраќајот, транспортот и логистиката меѓу сообраќајните училишта и други институции, унапредувањето на сообраќајната инфраструктура, осовременување на образовниот процес во областа на сообраќајот и логистиката, степенот на безбедноста во сообраќајот за сите учесници во сообраќајот се темите на овогодинешниот симпозиум за средни стручни училишта за логистика и сообраќај, што се одржува 13. година по ред.
Домаќин на симпозиумот е АСУЦ „Боро Петрушевски“, а го отворија градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, директорот на АСУЦ „Боро Петрушевски“, и заменик министрите за транспорт и образование.
Средното училиште на Град Скопје АСУЦ „Боро Петрушевски“ како домаќин од Македонија и учесниците претставници од средни стручни училишта од Србија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, презентираат проекти изготвени од страна на учениците и наставниците од областа на сообраќајот.