Реконструирана спортската сала во средното училиште „Георги Димитров“

149

Новата учебна година за учениците од средното училиште на Град Скопје „Георги Димитров”, започна со целосно реконструирана спортска сала, со цел овозможување подобрени услови за спортување и едукација за средношколците.

Од Град Скопје информираат дека старата и небезбедна дрвена подна конструкција во спортската сала е заменета со нова подна подлога за квалитетна реализација на наставата по спорт во училиштето.

Градот Скопје во континуитет вложува во подобрување на условите за овозможување непречена реализација на наставата.