Криминал во европскиот спорт: Со помош на сателит за следење на натпреварите, од обложувалниците „извлечени“ големи добивки

Шпанската полиција, Интерпол и Европол разоткриле криминална организација, која на необичен начин, преку сателит, ги измамила обложувалниците. Мозокот на бандата е познат бугарски спортист. Уапсени се 23 лица, претресени се четири куќи, две се одземени, како и три луксузни возила, два сателита, уред за блокирање сигнал, 47 банкарски сметки, 80 мобилни телефони…

203

Серија сомнителни онлајн обложувања биле забележани во 2020 година, а тоа било причина да се отвори истрага која подоцна резултира со шокантни резултати. Утврдено е дека во Шпанија е формирана криминална мрежа составена од државјани на Бугарија и на Романија, а познат е и начинот на кој тие незаконски заработувале.

Имено, тие нашле начин да ја користат технологијата, односно сателитите, преку кои во живо следеле разни спортски натпревари. Со ова можеле да го видат резултатот и што ќе се случи пред букмејкерите да го регистрираат истото.

Имале подготвени сметки, па лесно можеле да вршат сигурни и големи плаќања преку интернет.

Така направиле серија измами, заработиле сериозни пари, но не мислеле дека ќе бидат осомничени од обложувалниците, а потоа и од полицијата.

Откриено е и дека водачот на организацијата, поранешен бугарски пинг-понг мајстор, поткупил некои фудбалери кои играле за романски фудбалски клубови.

Европол наведува дека членовите на оваа група најчесто се обложуваат на натпревари во азиските и јужноамериканските фудбалски лиги, како и во Бундеслигата. Се сомнева дека добивале пари и од Лигата на нации на УЕФА, Светското првенство во Катар, како и од АТП и ИТФ-тениските турнири.

За нарачките користеле лажни имиња, а за да ги обезбедувале и платиле сериозни пари на сопственик на голема кладилница.

Во полициската акција уапсени се 23 лица, претресени се четири куќи, две се одземени, како и три луксузни возила, два сателити, уред за блокирање сигнал, 47 банкарски сметки, 80 мобилни телефони…

Се наведува и дека организацијата била поврзана со други криминални групи низ Европа, а особено се истражувало местењето фудбалски натпревари во Романија, каде што била најактивна криминалната мрежа. Целата акција траела неколку месеци, а на почетокот на септември лидерот, односно Бугаринот, бил екстрадиран во Шпанија.