Затвореничките во Иран подметнаа пожар во затворот Карчак, јави државната новинска агенција ИРНА.
Затворските чувари денеска изгаснаа подметнат пожар во близина на главниот град на Иран, Техеран.
Пожарот го подметнале затворенички кои биле осудени на смрт, со палење на нивната затворска облека, во знак на протест против постапките на затворската управа, пренесува Ројтерс.
Не е јасно дали подметнувањето пожар е поврзано со протестите на првата годишнина од смртта на Махса Амини, кои претходно денеска ги организираа затворенички, според британската агенција Иранската агенција ИРНА објави дека чуварите влегле во женското одделение на затворот и употреби сила и испука гумени куршуми за да ги потисне протестите на затвореничките.