Роналдо е во големи проблеми!

257
epa10350403 Former Brazilian international player and 2002 World Cup winner Ronaldo pictured in the stands before the FIFA World Cup 2022 round of 16 soccer match between Brazil and South Korea at Stadium 974 in Doha, Qatar, 05 December 2022. EPA-EFE/Abedin Taherkenareh

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо е во големи проблеми, пишува шпанскиот весник „Maрка“ наведувајќи ја болката што ја доживува со два клуба каде што е мнозински сопственик. Во Ваљадолид навивачите протестираат против него, а Крузеиро е во серија од осум натпревари без победа. „Ил Феномено“ стана мнозински сопственик на Ваљадолид во септември 2018 година, откако купи 51 отсто од акциите, а во декември 2021 година, тој ја презеде контролата врз Крузеиро, клубот во кој ја започна својата кариера и во кој инвестираше 70 мил. долари.

Крузеиро е во најлоша серија откако прославениот Бразилец го презеде и е на пет бода над зоната за испаѓање. Сосема очекувано лошите резултати ги принудија навивачите да критикуваат и протестираат.

Слично е и во шпанскиот клуб. Иако го спаси од банкрот, клубот е на дното во шпанската втора лига, а Роналдо е на удар на навивачите. Со оглед на неговата моментална форма и ситуација, „Марка“ заклучува дека работите би можеле да добијат уште полош тек за Бразилецот.