Ал-Келаифи тргнува по најголемата одмазда во фудбалската историја

2521
epa09969571 Paris Saint-Germain's president Nasser Al-Khelaifi attends a press conference at the Parc des Princes stadium in Paris, France, 23 May 2022. Kylian Mbappe renewed his contract with French Ligue 1 soccer club Paris Saint-Germain until 2025. EPA-EFE/Christophe Petit Tesson

Звучи малку неверојатно, но фудбалските медиуми ја пласираа и информацијата дека ПСЖ одлучил да купи дури пет играчи од Реал (М). Јасно е како ден изворот на таквата амбиција лежи во фактот дека „кралскиот клуб“ цело време работеше зад грбот на „светците“ со цел да го доведе во своите редови Килијан Мбапе.

Познато е дека ПСЖ долго време се бореше да го задржи Мбапе, кој одби нов договор бидејќи сакал да потпише за Реал (М) како слободен играч во летото 2024 година. На крајот Французите го убедија да остане на „Паркот на принцовите“, но нема конкретна информација дали ќе потпише нов договор.

Државата Катар која раководи со ПСЖ сака да му се реваншира на Реал (М), без разлика дали на крајот Шпанците ќе успеат во намерата да го доведат Мбапе, и затоа на лето ќе тргнат по дури пет играчи на Реал (М).

Наводно, станува збор за одмазда на Насер Ал-Келаифи, а шпанскиот портал „Окдиарио“, пишува дека на врвот на листата се офанзивните ѕвезди Винисиус Јуниор (23) и Родриго (22).

На листата се и француските репрезентативци Аурелиен Чуамени (23) и Едуардо Камавинга (20), како и Федерико Валверде (25).

На списокот се главно најталентираните играчи на Реал (М), а двете бразилски ѕвезди важат за недопирливи. Винисиус наводно потпишал нов договор со ослободителна клаузула од милијарда евра.

Доколку Реал (М) успее да го освои Мбапе, богатиот сопственик на ПСЖ ќе тргне во контраофанзива и „на сила“ ќе земе пет фудбалери на шпанскиот гигант.