Канаѓанката Корин Лафрамбоаз (34) долго време се подготвувала за натпревар на кариерата во кој со победа би донела договор со УФЦ, но морала да го откаже мечот бидејќи пред неколку дена дозна дека е бремена.

Лафромбоаз има скор од 8-4 и три последователни победи во професионалната кариера, а требаше да се бори со Раин Гереро во Контендер серијата на Дејна Вајт на почетокот на септември за договор со УФЦ. На подготовките имала задолжителен лекарски преглед и кога очекувала лекарите да и дадат одобрение за натпреварот, ја дознала вест, пишува „Би-Би-Си“.

Шест дена пред натпреварот докторот и кажал дека според нивото на хормонот се гледа дека е веќе во третиот месец од бременоста или дека носи близнаци. Се испостави дека носи само една ќерка и иако ги забележала нуспојавите од бременоста, продолжила со напорните тренинзи кои не ја здебелиле.

Канаѓанката без двоумење ја откажала животната борба за да го заштити детето од удари, а за среќа не настанала никаква штета ниту на подготовките, во кои таа воопшто не спарингувала со партнер.

  • Веќе првиот викенд од подготовките требаше да спарирам, но го повредив зглобот. Стапалото ми отече и во текот на целата подготовка воопшто не можев да спарирам. Само пливав, правев кардио, немав никакви удари. Мислам дека животот се погрижи сè да испадне вака, сè да се случи со причина, истакна Лафромбоаз, шампионка во лесна категорија на промоцијата на Вориорс на ОАЕ.

Како и повеќето борци, УФЦ беше нејзиниот сон, но сега веќе не е сигурна дали ќе продолжи да верува дека еден ден ќе биде дел од најголемата промоција.

  • Не можам да кажам, сакам да се фокусирам на бебето и ќе видиме. Најдоброто сценарио, ќе продолжам да се борам. Знам дека припаѓам во УФЦ, доволно сум силна, сакам да ги завршувам борбите во првите две рунди, приредив добро шоу и сум прилично добра за пазарот, верува Лафрамбоаз.