„Звукот на Скопје“ на сцените на плоштад „Мајка Тереза“ и парк „Ибни Пајко “

1271

На сцените на плоштадот „Мајка Тереза“ и во паркот „Ибни Пајко“, в петок, ќе се одржи уште едно издание на фестивалот „Звукот на Скопје“, кој е нов, летен, open air фестивал, кој прераснува во ново скопско музичко жариште и е во организација на Културно- информативниот центар.

Во рамките на овој фестивал, на големата сцена ќе може да се видат и етаблирани, но и нови групи, кои сѐ уште ја бараат довербата од публиката. В петок во 20 часот, на плоштадот „Мајка Тереза“, ќе настапат „Фолтин“, „Natalee“, „Siz“ и „Кем“, додека на сцената во паркот „Ибни Пајко“ ќе настапат „Dimish#, „Zanadu“ и „Стој, после!“. Предвиден е и кулпарк пред КИЦ, а во продажниот салон на КИЦ ќе има изложба на фотографии.

Фестивалот е дел од проектот „Скопје – кандидат за европска престолнина на културата 2028″.

Минатата година, на фестивалот настапи незаменливата Констракта, а за оваа година, исто така, е подготвена возбудлива програма и за најпрефинетите музички вкусови.