На 8 септември 1991 година, 95 отсто од граѓаните на Македонија на референдум се изјаснија за самостојна и суверена држава.
Меѓу поважните датуми од патот кон независноста кои му претходеа на референдумот се 25 јануари 1991 кога првиот состав на повеќепартиско Собрание усвои Декларација за независност, а два дена подоцна го избра Киро Глигоров за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија.
По референдумот, пак, на 17 ноември 1991 беше усвоен Уставот, а следуваше и монетарно осамостојување и воведување на денарот на 26 април 1992.
Денеска, 32 години независност државата одбележува под мотото „Гласник на слободата“.
Активностите стартуваа синоќа во Скопје со свечена академија на тема „32 години независност“ на која се обрати премиерот Димитар Ковачевски