Се случила драматична сцена по трката за Големата награда на Италија, на патеката во Монца, откако бил украден луксузниот часовник на Формула 1 возачот на Ферари, Карлос Саинц Јуниор, по неколку часа откако заврши тој на третото место. Но, тој успеал да ги фати крадците и да го врати скапоцениот предмет во своја сопственост.

Саинц (29) бил цел на разбојници во близина на хотелот „Армани“ во Милано поради  часовникот „ричард мил“ вреден 540.000 долари, кој бил украден од неговата рака. Возачот, неговиот тренер и сведоците ги бркале осомничените и успеале да го вратат часовникот, се вели во извештајот на ЕСПН, цитиран од италијанските медиуми.

Саинц потоа бил снимен како здивнува кога полицијата му ставала лисици на осомничениот. Шпанецот потоа се огласил на Твитер за да разговара за инцидентот.

  • Како што многумина веќе знаете, доживеавме немил инцидент во Милано. Најважно е дека сите сме добро и дека ова ќе остане само непријатна анегдота. Голема благодарност до сите луѓе што ни помогнаа да го најдеме часовникот, до миланската полиција за брзата интервенција и ви благодарам за сите ваши пораки – напиша Саинц.

Што се однесува до италијанското ГП во Монца, Карлос Саинц Јуниор, имаше пол-позиција, но на крајот ја заврши трката на третата позиција. Победник повторно беше Макс Верстапен, кој испиша историјата во Формула 1 со својот 10. триумф по ред. На досегашните 14 трки сезонава, Макс има дури 12 победи, додека неговиот тимски колега, Серхио Перез, славеше на преостанатите две трки.

Според тоа, Ред бул има повеќе од двојно бодови од Мерцедес, кој е на второто место, додека Макс има речиси 150 поени пред Серхио, кој е негов најблизок конкурент. Што се однесува до Карлос Саинц, тој е вкупно петти, а третото место во Монца е негов најдобар резултат сезонава.