Прва жртва на невремето во Грција: Загина сточар, едно лице е исчезнато, Волос е поплавен/ВИДЕО

1263
Фото: Printskrin Facebook/Αχιλλέας Μπέος

Едно лице загина, а едно се води за исчезнато по невремето што ги погоди делови од Грција предизвикано од циклонот „Даниел“. Според првичните информации, 70-годишен сточар загинал во областа Агиос Георгиос во Ано Волос кога врз него паднал ѕид од неговата куќа кој се урнал поради големо количество вода.

Според информаците на грчките медиуми, сточарот се обидувал да стигне до животнте кои ги чувал.

Уште едно лице е исчезнато во реонот на Волос кога неговиот автомобил бил однесен од поројот, пренесува Прототема.

Најтешка е состојбата во Волос каде се поплавени улици, куќи и возила, а паднати се и бројни дрвја.

Метеоролозите најавуваат дека лошото време ќе се задржи и во следните неколку часа.

Малку по 9,30 часот беше испратена порака до граѓаните на Пиерија, Тесалија, Споради, Евија и Фтиотида да ги ограничат своите движења бидејќи невремето беше во полн ек.

Градоначалникот на Волос го повтори апелот луѓето да останат дома, а на Фејсбук објави слики од хаосот по невремето.

 

„Даниел“ предизвика хаос во Грција: Возачи заробени, градоначалникот ги прашува „каде тргнавте“, поплави и на Скијатос/ВИДЕО