Тереза, која неодамна колабирала, сега е добро – Ми се зацрни пред очите, не ги можам африканските лета, заминувам на планина

384

И ако сум родена на море, на убавиот Јадран, во Дубровник, ваквите пеколни горештини не се за нас луѓето од овие географски простори. Сепак сакаме малку поладно време, да можеме нормално да функционираме.Така да јас на овие мои пристојни години почесто одам во планина на свеж воздух, отколку на некоја морска плажа

Легендарната пејачка родум од Дубровник Тереза Кесовија сега е во добра здравствена состојба. Овие африкански летни вруќини од како попуштија, славната Тереза може да дише. Таа пред неколку дена заврши во болница со брзата помош (како и неодамна српско-црногорскиот пејач Бојан Маровиќ). Немаше медиум од поранешните југословенски простори кој за тоа не напиша, и ако Тереза истакна дека не сака со тоа ја да ја замара публиката.

-Во секој случај премногу благодарам што се грижите за моето здравје. Многу подобро сум сега. Ова лето е навистина исклучително топло, а тоа лошо влијае врз здравјето и на помладите луѓе, а не само врз нас постарите. Но, беше страшно. Наеднаш ми се зацрни пред очите. Паднав, не знаејќи за себе. Се разбудив во болесничкиот чист кревет, врзана на апаратите за дишење. Околу мене беа прекрасни медицински сестри и најдобрите доктори.

Се измачив, бидејќи кај мене тешко се вади крвта, затоа што имам таканаречени тенки вени. Но, тоа е тоа. Не се паничете. Штом цврсто застанам на нозете, јас не мирувам, не седам покрај телевизорот. Влегувам во музичко студио да снимам нова песна. Одвај чекам летото да помине. И ако сум родена на море, на убавиот Јадран, во Дубровник, ваквите горештини не се за нас луѓето од овие географски простори. Сепак сакаме малку поладно време, да можеме нормално да функционираме.

Така да јас на овие мои пристојни години почесто одам во планина на свеж воздух, отколку на некоја морска плажа, објасни славната пејачка која, оваа есен, во октомври ќе наполни 85 години. Со тоа е една од ретките која на таа возраст уште има концерти за кои секогаш се бара билет повеќе, а бисовите се редовна глетка.           Па, луѓето ич не ги забораваат тие нејзините, сакани песни-евергрини: “Пријатељи стари гдје сте“, “Ноно добри мој ноно“, “Њежне струне мандолине“, “Музика и ти“, “Старе љубави“, “Што је остало од љубави“, “Сунчане фонтане“ или најбараната “Моја последња и прва љубави“… Д.М.