Ќерката Николија ја моли мајка си Весна Змијанац: „Откажи ги сите тезги, срцето треба да ти се одмора“  

351

Молитва!

Истото го вели и зетот на Весна, пејачот Реља, сопругот на Николија. -Николија строго ѝ забрани на Весна да работи секој викенд, може само еднаш месечно. Тоа ќе ѝ биде сосема доволно. Лекарите ѝ рекле на Весна дека уште цела година ќе мора да мирува, но таа ете, не мирува, се поигрува со животот

Популарната пејачка Весна Змијанац закрепнува по операцијата, но неодамна имаше свој прв величествен концерт.

Концертот се одржа во Бугарија, а таа сите ги изненади со новиот имиџ. Забележително е ослабната. Дури непрепознатлива. Српските (но и бугарските) новинари зборуваат дека нејзината ќерка, хип-хоп пејачката Николија е многу лута на својата мајка Весна. – Не сакам мама да пее сега уште е рано по операцијата. Постојано се расправаме дома, таа не ме слуша, а јас ѝ посакувам сè најдобро. Мора да разбере дека треба повеќе да мирува и да се одмора, а не да оди да патува и да пее, по овие горештини. Но таа е тврдоглава, раскажа Николија.

Истото го вели и зетот на Весна, пејачот Реља, сопругот на Николија.

-Николија строго ѝ забрани на Весна да работи секој викенд, туку може само еднаш месечно. Тоа ќе ѝ биде сосема доволно. Лекарите ѝ рекле на Весна дека уште цела година ќе мора да мирува, но таа ете, не мирува, се поигрува со животот.

Самата Весна откако се почувствувала многу добро, веднаш му наредила на менаџерот да ѝ најде едно десетина тезги, поради тоа што останала без пари, а научена е на животот на „висока нога“.

-Џабе што лекарите ѝ велат дека нежното срце не може да го издржи целиот концертен напор, сите тие патувања и непроспиени ноќи. Затоа е најдобро да седи дома во климатизиран стан. Страшно сум загрижена и исплашена. Мајка ми е  безобразна и ништо не слуша, ниту еден совет, вели низ солзите ќерката Николија, која се надева дека Весна сепак ќе попушти и ќе ги откаже сите закажани тезги.   Д.М.фото-архива