Се расчистува локацијата каде што ќе се гради затворен базен

44

Општина Кавадарци започна со чистење на локацијата на поранешна „ЛаЛуна“ каде што ќе се гради  затворен базен.

Од општината информираат дека се работи со еден скип и еден камион на ЈП „Комуналец“ и еден камион донација од фирмата „ЈА МИ“.

– Исчистени се околу 100 кубни метри шут. Во наредна фаза се чека Владата и Агенцијата за млади и спорт на 29. 8. да го воведат во работа изведувачот за изградба на затворен базен – велат од Општина Кавадарци.