Британските медиуми открија дека лутиот градски ривал, тимот на Челзи, моментално важи за прв фаворит кога е во прашање потписот на американскиот интернационалец од редовите на Арсенал, Фоларин Балогун. Младиот напаѓач е информиран дека не е дел од плановите на Микел Артета за новата клупска сезона и дека може слободно да си најде нова средина, но понудата за неговото обештетување не смее да биде помала од 30 мил. евра.