Меси, Халанд и Де Бруин номинирани за наградата на УЕФА

32
epa10565271 Erling Haaland of Manchester City celebrates after scoring his sides fourth goal during the English Premier League soccer match between Southampton FC and Manchester City in Southampton, Britain, 08 April 2023. EPA-EFE/Vince Mignott EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos or 'live' services. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications

Европската фудбалска асоцијација на својата официјална веб-страница ги објави номинираните за наградата најдобар играч на годината сезона 2022/23.

Тројца номинирани се напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси, кој играше минатата сезона за ПСЖ, напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд и неговиот соиграч Кевин де Бруин.

Номинираните тројца се одредени со гласање на главните тренери на клубовите кои минатата сезона играа во кој било европски куп и на селекторите на репрезентациите на земјите членки на УЕФА.

Добитникот на наградата ќе биде објавен на 31 август.