Денеска пред грчкиот суд ќе се појават уште 35 навивачи

50
EPA-EFE/GEORGE VITSARAS

Трет ден за распит на навивачи во Атина поради конфликтот во кој беше избоден до смрт навивач на грчки АЕК. Во изминатите два дена 70 навивачи беа на распит и на сите им е одредена мерка притвор. Денеска пред обвинителот ќе излезат уште 35 навивачи, пишува Индекс.хр.

ДНК на сите 105 навивачи се споредува со собраните докази од лице место.

Родителите на уапсените, плашејќи се за безбедноста на нивните деца, испратија отворено писмо до претседателот, премиерот и народниот правобранител. Бараат итно заминување на високи делегации од МНР, МВР и Министерството за правда во Грција.

Министерството за правда и администрација соопшти дека министерот Маленица разговарал со својот грчки колега. Претседателот Милановиќ очекува во следните 5 дена осомничените да бидат задржани, а останатите да бидат ослободени.

„Полицијата има право да ги приведе пет дена. Тоа сега истекува. Ако на сите им дадат притвор, без разлика зошто отишле таму, отишле да се тепаат, тоа не можам да го поддржам, тоа е само чудно однесување, но тие се граѓаните и тие имаат свои права“, рече Милановиќ.