Исчезнатата 68-годишна македонска државјанка во Грција, за која семејството бараше помош преку Фејсбук, е пронајдена. Нејзини роднини, како што објави А1он, добиле информација од македонски туристи дека жената се наоѓа во автобус и патува од Солун за Македонија и дека е добро. Како потврда им испратиле и фотографија од автобус.
Роднина на 68-годишната Милица за А1он изјавил дека најверојатно се качила во погрешен автобус и чекаат да влезе во Македонија за да го вклучи телефонот и да остварат контакт.
Семејството и пријателите, претходно на Фејсбук, побараа помош за пронаоѓање на 68-годишната Милица.
„Со автобус од Агростоли се упатила кон Фискардо, каде 11:30 часот требала да се качи на брод за Василики на Лефкада. Милица не стигнала ниту со бродот во 13 часот, ниту со наредниот во 15:15 часот. И се губи секаква трага. Со себе имала мобилен телефон“, велат нејзини блиски.