Град Скопје започна уште еден проект кој ќе придонесе за рамномерен развој и уредување на градските јавни површини. Станува збор за рееконструкција на краци на улицата „Славејко Арсов“.
Со овој проект ќе биде реконструиран коловозот со површина од 4.700 квадратни метри, ќе се постават рабници и ќе се нивелираат 38 шахти. Работите на терен ги изведува градското јавно претпријатие „Улици и патишта“.
Денеска увид во почетокот на градежните работи на реконструкција на краци на улицата „Славејко Арсов“ изврши градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска.