Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, беше на концертот на Влада Георгиев во друштво на својата сопруга Јелена, кој се одржа во Херцег Нови. Ѓоковиќ се подготвува за продолжението на сезоната во Црна Гора, но беше главна атракција на концертот.

Публиката го поздрави со аплауз, а тој беше во ВИП делот. Цело време пееше и играше, а кога одеше песната песната „Лажни људи“ целосно се опушти. Во еден момент го зеде елекот и мавташе со него и покрај дождот, што го воодушеви и пејачот Георгиев.