Новиот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Маурицио Покетино, испрати јасна порака до клупските челници дека сака во новата сезона на располагање да ги има и услугите на аргентинскиот интернационалец од редовите на францускиот гигант ПСЖ, Леандро Паредес. Искусниот играч за врска изминатата сезона ја одработи како позајмен играч во дресот на калчолигашот Јувентус, но „старата дама“ не сакаше да го откупи неговиот договор.