Најдобриот кошаркар на сите времиња Мајкл Џордан е вистински зависник од коцка, а колку е луд за различни облози говори и ситуацијата во 1995 година когаѝ понуди на 23-годишната Лиза Кенеди да ги фрлаат коцките, а облогот бил – нејзината невиност.
Имено, Лиза била на ручек со Мајкл и Расел Симонс и очигледно му се допаднала. Решил да се обиде да ја придобие така што извадил коцки и ѝ понудил обложување.
Ќе ги фрлат коцките и кој ќе има поголем збор, тој победувал. Тој побарал Лиза како влог да се понуди себеси, односно Мајкл да ѝ ја земе невиноста. Од друга страна, не се знае што понудил Џордан како свој дел од облогот.
- Најголемиот облог некогаш веројатно се случил во 1995 година. Мајкл Џордан се обиде да се обложи со 23-годишната водителка Лиза Кенеди, открива Френк Мајкл Смит и ја продолжува приказната:
- Таа беше на вечера со Мајкл и Расел Симонс. Јасно беше дека Џордан е заинтересиран за неа и на масата извади две коцки. Тој предложи да ги фрлат и таа да спие со него ако Џордан победи. Кенеди ја одби понудата поради две причини. Прво – Џордан беше оженет, а како втора причина мислеше дека тоа ќе биде премногу болно за неа. Таа предложи да играат во билети за натпреварот со Никс и на крајот победи, додава Френк.
Џордан никогаш јавно не признал дека побарал таков облог. Сепак, судејќи според неговите минати улоги, не е изненадување што решил да и понуди вакво нешто на Лиза Кенеди.
Меѓутоа, таа ја одбила понудата. Тогаш Џордан сфатил дека не може да добие се во животот, иако и тогаш беше еден од најбогатите спортисти на светот.
Џордан наводно бил принуден од НБА да ја заврши кариерата во 1993 година поради прекумерното коцкање. Се шпекулира дека бил под суспензија, но тоа никогаш не било потврдено.
Мајкл се врати во НБА по нешто повеќе од една година и потоа ги предводеше Чикаго Булс до уште три шампионски титули, а беше еден од ретките спортисти кои заработија милијарда долари во текот на кариерата.