Симболот на чеканот и српот е отстранет од Споменикот на татковината во Киев, додека во Украина продолжува демонтирањето на советските симболи.
На 1 август, директорот на Музејот за историја на Украина во Втората светска војна, Јуриј Савчук, објави видео на Фејсбук на кое се гледа отстранувањето на симболот од штитот што е подигнат високо во левата рака на споменикот.
„Ова е моментот за кој сонуваа милиони Украинци, генерации Украинци“, рече Савчук.
На 30 јули во Киев започна демонтирањето на советскиот грб од споменикот „Татковина“.
Планирано е до Денот на независноста на Украина, наместо грбот на СССР со ѕвезда, срп и чекан, на скулптурата да биде украинскиот трозабец.
Како што информираат од Министерството за култура, оваа одлука ја поддржале 85 отсто од Украинците кои претходно гласале во апликацијата Дија. Вкупно, повеќе од 770.000 луѓе учествуваа во истражувањето.
Тие сакаат да ја преименуваат и скулптурата во „Мајка Украина“.
Споменикот се наоѓа на територијата на Националниот музеј за историја на Украина во Втората светска војна.
Изградена е во 1981 година и се смета за највисока скулптура во Европа.