Паднал од 68 кат: Човекот кој се качуваше на највисоките згради загина во Хонг Конг

250
screenshot Youtube

Францускиот државјанин Реми Луциди, познат по екстремните спортови, почина откако падна од 68 кат од станбена зграда во Хонг Конг. Луциди (30) се качувал на комплексот Трегантер Тауер кога паднал, пишува South China Morning Post.

Мажот, познат на интернет како Реми Енигма, бил прогласен за мртов на лице место.

Според официјални лица од Хонг Конг, Луциди пристигнал во зградата околу 18 часот и му кажал на обезбедувањето дека оди кај пријател на 40-тиот кат.

Службеник за безбедност се обидел да го уапси Луциди откако наводниот пријател потврдил дека нема поим за кого се работи – но, дотогаш каскадерот веќе влегол во лифтот.

На безбедносната снимка подоцна се гледа како Луциди стигнува до 49-тиот кат и потоа се качува по скалите до врвот на зградата.

Според оние што го бркале Луциди, нашле отворена врата што води до покривот, но него никаде го немало.

Полицијата соопшти дека мажот последен пат бил виден жив во 19 часот и 38 минути, кога тропнал на прозорецот од пентхаусот, поради што собарката повикала полиција.

Изворот – кој не беше идентификуван во кинеските медиуми – рекол дека полицијата верувала дека Луциди бил заробен надвор од пентхаусот и дека удирал по прозорецот за помош пред несреќата.

Извор близок до истрагата, пишува понатаму SCMP, открил дека полицијата ја пронашла камерата на телото на Луциди на местото на настанот и во неа видеа од неговите други обиди да и пркоси на смртта.

Полицијата се уште не ја соопштува официјалната причина за несреќата.